Годишниот приход на компанијата „OpenAI“ би можел да надмине 40 милијарди долари

Американската компанија Open AI моментално работи со темпо кое би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, според информации од луѓе запознаени со работењето на компанијата, објавени од Bloomberg.

Тоа би било приближно двојно повеќе отколку на крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијална IPO, додава њујоршката агенција.

Растот на приходите на Open AI се забрза во последните месеци, а меѓу главните двигатели се алатките за програмирање на вештачка интелигенција, претплатите и почетокот на растечките рекламни бизниси.