Годишните приходи на Zoom се зголемија за 191%

28

Американската технолошка компанија Zoom Video Communications продолжува да остварува огромни профити од пандемискиот премин кон работа и школување од дома и е скоро десет пати поголем од минатата година.

Годишните приходи на Zoom од услугите за видео конференции се зголемија за 191% на 956,2 милиони долари во првиот фискален квартал од годинава, кој заврши кон крајот на април.

Профитот скокна на 227,4 милиони долари од 27 милиони долари една година порано, објави Zoom.

“Ние ја започнавме фискалната година со многу силен прв квартал, со вкупен годишен раст на приходите од 191%“, рече основачот и извршен директор на Zoom, Ерик Јуан.

Фото: Facebook