Годишно се губат до 240 милијарди долари бидејќи компаниите го “селат“ профитот

42

ОЕЦД, меѓународна организација со 38 земји членки, проценува дека државите годишно губат до 240 милијарди долари бидејќи компаниите профитот го префрлаат од една во друга земја за да ги намалат даночните обврски.

Новиот шеф на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) рекол дека е “внимателно оптимистичен“ кога станува збор за постигнување меѓународен договор за универзално оданочување на мултинационалните компании, а неодамнешниот предлог на американскиот претседател, Џо Бајден, околу тоа го нарекол “промена на играта“.

Генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман ја презема на функцијата од Хосе Анхел Гуриа, кој ја напушти организацијата чие седиште е во Париз, на којашто беше од 2006-та година.

Повеќе од 140 земји во светот учествуваат во преговорите за глобален минимум за оданочување на корпорации за да може големите компании да се одвратат од пренасочување на профитот во земјите со ниски даночни стапки, како и оданочување на мултинационални компании што создаваат значителен приход во земјите во коишто немаат физичко присуство, како што е малопродажба само преку интернет и компании за дигитално рекламирање.

Бајден предложи да се воведе најмалку 15% минимален глобален данок на добивка. Глобалната стапка, дел од даночниот предлог има за цел да ѝ помогне на програмата на Бајден за изградба и реконструкција на инфраструктура во САД, би ја зголемила американската стапка на данок на добивка од 21 на 28%.

Фoто: Pexels