Годишно собрание на акционери на НЛБ Банка

46

НЛБ Банка АД Скопје ги поканува своите акционери да учествувате на Годишното собрание на Банката, коешто ќе се одржи на ден 11.05.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка на ул. “Мајка Тереза“ бр.1, Скопје.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Кабинетот на Управниот одбор на НЛБ Банка (контакт-телефон: 02/5100-324 и 02/5100-615, телефакс: 02/3105-681).

Акционерите можат да овластат свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Собранието ќе одлучува само по прашања коишто се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва. Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка во Кабинетот на Управниот одбор.