Фото: Evropa
АД ЕВРОПА Скопје ги повикува своите акционери да учествуваат на Годишното Собрание на акционери коешто ќе се одржи на 30 април со почеток во 12 часот.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание. Пријавите да се достават до АД ЕВРОПА Скопје ул. 808 бр. 8 Скопје. Секој акционер може да овласти, со полномошно свој полномошник на Собранието, со давање на полномошно во писмена форма.
Материјалите и документите подготвени за Собранието како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва, се достапни на акционерите, секој работен ден во просториите на седиштето на друштвото од 9 до 15 часот како и на официјалната интернет страница www.evropa.com.mk