Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY:  Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

Screenshot

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност.

 

Силен резултат во комплексно опкружување

Во своето обраќање, господинот Сиамисис ја анализираше економската состојба во Грција и глобално, посочувајќи ги предизвиците како што се притисоците од инфлацијата и високите енергетски трошоци за индустријата, но и глобалната геополитичка нестабилност која има силно влијание на енергетските пазари и на развојните стратегии на енергетските компании.

И покрај овие предизвици, во изминатите три години Групацијата забележа исклучителни резултати, значително ја подобри својата профитабилност, ја стабилизираше заработката, го зголеми вкупниот принос за акционерите и го подобри корпоративното управување и безбедносните стандарди. Меѓу клучните достигнувања беше истакнато рекордно високото производство од 16,2 милиони тони и зголемениот извоз, зајакнатото присуство со 329 бензински станици во пет земји во Југо-источна Европа, како и дополнителните инвестиции во обновливи извори на енергија, со кои HELLENiQ ENERGY ја постигна својата почетна цел за 2025 година со инсталирани 5,7 GW и постави нова цел за дополнителни 2 GW во обновливи извори и 150 MW во технолошки постојки за складирање енергија до 2030 година.

Нова стратешка насока за следната деценија

Благодарение на посветеноста и високата експертиза на своите вработени, Групацијата успешно го реализраше стратешкиот план Vision 2025 пред предвидениот рок, поставувајќи ги предусловите за долгорочен раст, еколошка одговорност и стратешка флексибилност. Со завршувањето на Vision 2025, HELLENiQ ENERGY влегува во следната фаза на стратешка зрелост, користејќи ги цврстите темели изградени во изминатите три години.

Новиот стратешки план има за цел создавање долгорочна вредност, зајакнување на отпорноста и усогласување со развојот на енергетската, регулаторната и инвестициската рамка. Главните столбови на новиот стратешки правец вклучуваат:

  • Зголемување на конкурентноста и проширување на меѓународното присуство во основните активности – рафинирање и трговија;
  • Создавање целосно интегрирана зелена енергетска компанија во секторот електрична енергија и гас, со силен фокус на одржливост, пристап насочен кон клиентите и повеќекратни синергии со основните операции на Групација; и
  • Проширување кон нови енергетски модели и технологии, како алтернативни горива, со цел диверзификација и создавање нови извори на вредност.
  • Screenshot

Според главниот извршен директор на Групацијата, стратегијата за наредните години ги зема предвид новите услови на пазарите на капитал, кои се карактеризираат со построги ESG критериуми, фокус на краткорочни парични текови и очекувања за рамнотежа помеѓу профитабилноста и одржливиот раст. Во исто време, посебен акцент се става на безбедноста, јакнењето на културата на високи перформанси и враќањето на дел од создадената вредност кон општеството.

Преку реализацијата на новата стратешка рамка, HELLENiQ ENERGY ќе продолжи да се развива во флексибилна, технолошки напредна и еколошки одговорна групација, способна да одговори на новите потреби на пазарот и општеството. Со постојан фокус на создавање вредност и одржлив раст, Групацијата е подготвена да преземе водечка улога во новата енергетска ера.