Годишно собрание на македонско – бугарската стопанска комора

45

Организирање на два бизниси – експо форуми за кредитирање на извозно ориентираните компании од Македонија и Бугарија, како и формирање заеднички инвестициски фонд за стимулирање на балкански продукт во освојувањето трети пазари, се двете приоритетни иницијативи на македонско – бугарската стопанска комора (МБСК), што ќе бидат дискутирани на годишното собрание МБСК.

Првиот регионален собир со учество на локалните власти од меѓуграничните региони ќе се одржи кон крајот на јуни во Штип. Во партнерство со бугарската трговско-индустриска комора, што застапува интереси на неколку илјади фирми од Бугарија, во Софија, кон крајот на октомври, ќе се организира деловна презентација на сите идеи за зголемување на билатералната економската размена и заеднички настап на пазарите на ЕУ. Овој бизнис форум ќе биде под покровителство на премиeрите на владите Бугарија и Македонија.

Македонско- бугарската стопанска комора иницираше посеопфатна соработка на двете државни банки за кредитирање чии финансиски продукти треба да бидат презентирани на бизнис средбата во Штип, која ќе биде под покровителство на вицепремиерите на двете држави.