Македонско бугарската стопанска комора денеска со почеток од 12 часот ќе го одржи редовното годишно и изборно собрание, стои во соопштението на комората.
Се очекува да се усвои нов акциски план со поддршка за приоритетните и заеднички инфраструктурни поврзувања и вклученост на заеднички компании во нивната изградба.
На собранието свои обраќања ќе имаат претседателот на комората, Зоре Темелковски, министерот за економија, Беким Незири, како и претставници од бизнис асоцијациите од Македонија и Бугарија.