Godiva прославува 90 години постоење

51

luksuz-fancy-delicious-godiva-99

Приказната за производителот на луксузни слатки Godiva започна во 1926 година кога Пјер Драпс од Белгија ги создаде своите први пралини, пишува Broadway world. Оваа година компанијата прославува 90-годишен јубилеј и по тој повод претстави ново ограничено издание на слатки.

Во пакувањето се наоѓаат осум од најпознатите Godiva чоколадни бонбони како и сосем ново издание наречено Egerie Noir, слатки што содржат фил од чоколада и малина со додаток на арома од ливчиња од роза и црно белгиско чоколадо.

luksuz-fancy-delicious-godiva (6)

Специјалното издание ќе биде достапно насекаде низ светот, а ќе ги содржи и чоколадните бонбони Noblesse од 1959 и Nippon izdanje од 1972 година. Noblesse се направени според традиционален италијански рецепт за пралини со лешник и млечно чоколадо. Nippon, пак, се составени од црна и млечна чоколада со елементи од роза. Дел од колекцијата ќе вклучува и ограничено издание на тартуфи што ќе бидат преставени во септември.