Ѓоковиќ искешира 10 милиони евра за вила и стана сосед со Путин

396

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да се пресели од Монте Карло во шпанска Марбеља каде во последно време престојуваше и тренираше.

Според шпанските медиуми, семејството Ѓоковиќ во Марбеља ќе живеат во вила од 10 милиони евра, што српскиот тенисер едно време ја изнајмувал за 10.000 евра неделно, а неодамна и ја купил. Вилата е сместена на една од најатрактивните локации во Марбеља, со поглед на морето и околните планини. Во главната куќа има девет спални соби и осум купатила, како и уште две соби во споредната, гостинска куќа. Вилата има и огромен двор, којшто содржи градина со палми, тениски терен и базен.

Семејството Ѓоковиќ на располагање ќе има и голема теретана, приватен спа центар, сауна и турска бања. Имотот од 1.000 квадратни метри е оддалечен само пет минути од центарот на градот.

Соседи ќе му бидат моќни и слaвни личности како Кристијано Роналдо, Владимир Путин, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, Антонио Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Хју Грант…

Ова е само последно во низата недвижнини на Новак. Ѓоковиќ веќе поседува неколку прекрасни апартмани и куќи низ целиот свет, така што вилата во Марбеља само ја надополнува веќе богатата колекција.

Фото: YouTube Printscreen