Бразилската компанија Gol стана првата авиокомпанија што почна повторно да го користи Boeing 737 Max на комерцијални летови по 20 месеци, кога беше прекината употребата на овие авиони поради две несреќи во кои загинаа стотици луѓе.
Вчерашниот лет беше на релација меѓу бразилските градови Сао Паоло и Порто Алегре.
Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство кон крајот на ноември ја укина забраната за употреба на авионите Boeing 737 Max, по слична одлука што ја донесе Федералната управа за воздухопловство на САД.
Обновата на летовите со користење на овој вид авиони е многу важна за компанијата Boeing, која се обиде да го врати во употреба Boeing 737 Max многу порано, пробивајќи го првичниот рок, кој беше одреден за крајот на 2019 година.
Компанијата Gol порача над сто авиони Boeing 737 Max, а се очекува American Airlines да биде следната што ќе ги обнови летовите со овој вид авиони, од 29 декември годинава.
Фото:Pexels