Goldman Sachs инвестира 69 милиони долари во британска дигитална банка

28

Goldman Sachs инвестира 69 милиони долари во британската дигитална банка Starling.

Овој износ доаѓа по инвестицијата од 272 милиони фунти што Starling ги доби минатиот месец. Вредноста на дигиталната банка се проценува на 1,1 милијарда фунти.

Starling е една од најголемите дигитални банки во Велика Британија, којашто има повеќе од шест милијарди фунти во депозити, додека една година претходно кога располагала со милијарда фунти.

Starling сакал да се разликува од конкурентите, како што се Revolut или Monza, бидејќи акцентот го става на банкарство на мали компании. Од вкупно два милиони корисници, околу 350.000 се бизнис клиенти. Банката вели дека има 6% удел на британскиот банкарски пазар за мали и средни компании.

Фото: Pexels