Goldman Sachs испитува терен за инвестирање во Србија

50

Goldman SachsДелегација на водечката светска инвестициска банка Goldman Sachs денеска и утре ќе престојува во Србија, каде со претставници на српската влада ќе разговараат за проекти и можности за инвестирање, соопшти Министерството за енергетика.

Делегацијата ќе го посети РТБ Бор, а една од главните теми на разговор ќе биде формирање на задолжителни резерви на нафтени деривати во Србија, како и можна докапитализација на компанијата РТБ Бор. Покрај тоа, ќе се зборува и за можностите за соработка во подрачјето на финансирање на производство, извоз и увоз на житарици, шеќер и метали, јавуваат српските медиуми.