Goldman Sachs заинтересирани за рудникот Бор

49

bor rudnik

За купување на Рударско – топилничкиот басен РТБ Бор се заинтересирани дури 15 инвеститори, од кои четири се од Србија, пишува Вечерње Новости. Меѓу странските, најмногу има компании од Велика Британија, а најпозната од нив е Goldman Sachs, инвестициона банка.

Goldman Sachs е институција што пружа финансиски услуги за големите корпорации, богати бизнисмени, но и на владини институции.

Од списокот од 15 моќни купувачи, кои се јавиле во Агенцијата за приватизација на Србија, само неколку се од металуршкиот сектор. Канадски Mundoro Capital, кој се занимава со аквизиции, истражување и развој, веќе е присутен во Србија и има дозвола за експлоатација на руда. Тука е Reservoir mirelars, која во Србија има 12 лиценци за истражување на руда, што вклучува проекти за истражување на злато, бакар, олово и цинк. Оваа компанија има дозвола за истражување руда во Африка, Камерон и Габон.

Се уште не се знае какви се конкретните понуди, односно какви желби имаат инвеститорите во поглед на РТВ Бор, а можностите одат од стратешко партнерство до купување на дел од имотот.