
Светската економија следната година ќе порасне за 2,6 отсто, покажува најновата прогноза на глобалната банкарска групација Голдман Сакс.
Како што објави CNBC, Goldman Sachs предвидува силен раст на заработката во 2024 година и верува дека најтешкиот период на затегнување на монетарната политика е завршен. Затоа во својата прогноза изрази поголем оптимизам од аналитичарите на Блумберг, кои очекуваат глобален раст од 2,1 отсто следната година.
Голдман Сакс смета дека економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 0,9 отсто. Германија ќе забележи раст од 0,6 отсто, Франција – 1,1 отсто, Италија – 0,7 отсто, Шпанија – 1,7 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата.