Голдман Сакс очекува нафтата од типот Брент да чини 140 долари за барел ова лето

25

Цените на нафтата се на највисоко ниво во изминатите 13 недели, а според прогнозата на Голдман Сакс, тие би можеле да се зголемат во наредниот период.

Поради зголемената побарувачка за овој енергенс во САД, цената на нафтата од типот брент порасна на 123,7 долари за барел, а на суровата американска нафта на 122,1 долари. Со оглед на состојбата на пазарот, не се очекува тоа да биде неговата конечна цена.

Американската банка Голдман Сакс предвидува дека нејзината вредност ќе расте летово. Според нејзините анализи, Брент би можел да достигне цена од 140 долари за барел во периодот од јули до септември. Зголемувањето на цената на нафтата ќе биде придружено со поскапување на бензинот.

Според аналитичарите, состојбата на енергетскиот пазар може да се стабилизира со растот на нивното производство и намалувањето на потрошувачката. Тоа може да се случи, додаваат, доколку цената на нафтата навистина се искачи на 140 долари за барел, но не би било добро да порасне повеќе, бидејќи тогаш американската економија би влегла во рецесија.