
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс објави во својот најнов извештај дека очекува „чист дефицит“ на железна руда на глобалниот пазар до крајот на годината.
Главната причина за очекуваниот дефицит е падот на производството и недостатокот на залихи, додава Голдман Сакс, а пренесува CNBC.
Аналитичарите забележаа дека неодамнешните инвестиции на кинеската влада би можеле да го стимулираат економскиот раст често поврзан со поздрава градежна индустрија и поголема побарувачка за железна руда, но Голдман Сакс е внимателен во врска со развојот на кинескиот сектор за недвижности.
Причина за очекуваниот дефицит е помалата понуда на клучните производители на железна руда, Австралија и Бразил. Глобалните залихи на железна руда во 2023 година се намалени од 1,557 милијарди тони на 1,536 милијарди тони, проценува Goldman Sachs.
Според податоците на берзата, цената на железната руда вчера скокна на 130 долари за тон, што е највисока во последните седум месеци, пренесува Trading Economics.