Goldtag – турска апликација за тргување со злато

281

Над 10 компании, вклучувајќи три од САД и една од Европа, покажале интерес за турскиот старт – ап Goldtag, што на корисниците им овозможува да тргуваат со злато и да даваат злато како подарок преку мобилен телефон, пренесува Хуријет.

Долунај Сабунчиолу, кој е еден од креаторите на апликацијата, вели дека не планира да продаде повеќе од 20% од уделите на бизнисот во овој момент. Освен меѓународни инвеститорите, најмалку седум турски фирми, вклучувајќи и една банка, исто така на Goldtag му понудиле соработка.

“Веруваме дека во потенцијалот на апликацијата Goldtag, којашто е уникатна. Интересот на инвеститорите многу ни значи. Примивме повеќе понуди, но нашиот фокус е понатамошно развивање на апликација и зголемување на бројот на корисници. Ќе ги анализираме понудите за партнерство во следниот период. Сакаме да создадеме нов бренд за нашата земја, поради тоа не планираме да ја продадеме нашата апликација во целост“, вели тој.

Се очекува апликацијата годинава да ја симнат најмалку 50.000 корисници годинава. Рестрикциите за правење свадби и други масовни настани e од голема помош за користење на оваа апликација. Во Турција е традиција, роднини и пријатели да купуваат златници, златен накит како подарок за младенците. Исто така, постојат и други настани и прослави на коишто вообичаено се носи злато како подарок.

Корисниците на Goldtag можат да купуваат, продаваат и да споредуваат златни продукти и во услови на пандемија.

Фото: Freepik