Голем пад на продажбата на Porsche во САД поради деловите произведени во Кина

28

Германскиот производител на луксузни спортски автомобили Порше објави дека неговата продажба благо паднала во првиот квартал од 2024 година, со големи падови во Кина и САД.

Во првите три месеци од оваа година, Porsche испорача вкупно 77.640 возила ширум светот, што претставува пад од четири отсто во споредба со истиот квартал минатата година. Компанијата извезла речиси четвртина помалку возила во Кина, најважниот пазар, и во Северна Америка отколку на почетокот на 2023 година.

Меѓу причините за падот на испораките во Кина од 24 отсто, ја издвојуваат пред се тензичната економска состојба на кинескиот пазар, но и високата споредбена основа, бидејќи, како што потсетуваат, во истиот период лани продажбата била исклучително силна поради акумулираните нарачки од периодот на пандемијата, пренесува Хина.

Продажбата на Porsche во Северна Америка паднала за 23 отсто пред сè поради доцнењето на испораките на некои модели поврзани со царинските процедури, објаснуваат од компанијата.

Илјадници автомобили Ауди и Порше беа оставени во првата половина на февруари пред пристаништата во Соединетите Американски Држави поради царински проверки за делови од кинеско производство.

Германскиот деловен весник Handelsblatt објави дека проблематичната компонента била инсталирана во 13.000 нови автомобили од подружниците на VW Audi и Porsche и британската луксузна марка на VW Бентли.

Продажбата на Порше во матичната земја- Германија, порасна во првит квартал за 37%, а во остатокот од Европската унија за околу 10%.

На останатите странски пазари, кои ги вклучуваат Африка, латинска Америка, Јапонија и Кореја, порасна за околу 14%, објави германската компанија.