Голем пад на профитот на Audi поради трошоците за затворање на фабриките и намалената продажба

101

Оперативниот профит на Audi падна во третиот квартал на само 106 милиони евра поради трошоците за затворање на фабриката во Брисел и големиот пад на продажбата.

Во летото минатата година, пишува Хина, германскиот производител на луксузни автомобили работеше со оперативен профит од 1,8 милијарди евра.

Приходите на групацијата во периодот од јули до септември годинава изнесуваат 15,3 милијарди евра и се за 5,5 отсто помали од лани.

Продажбата на автомобили Ауди падна за 16 отсто, на само 407.000, ценовната конкуренција во Кина беше „многу интензивна“, но главната причина беше затворањето на фабриката во Брисел, што резултираше со трошоци од 1,2 милијарди евра, објасни главниот финансиски директор Јурген Ритерсбергер.

Главна основа на финансиите на компанијата е растот од 18,7 отсто на продажбата на Ламборџини, додека кај Бентли е помал за 35,6 отсто.

Во периодот од јануари до септември, марката Audi продаде 1,24 милиони автомобили, 11 отсто помалку од минатата година, со особено лоши резултати во САД поради недостигот на делови за големи возила.

Продажбата на Audi во Кина падна за 8,5 отсто на 477.000 автомобили. Компанијата забележува дека започнала со производство на целосно електрични возила во градот Чангчун со својот партнер FAW.

Приходите на Audi во периодот од јануари до септември биле за осум отсто помали од лани и изнесуваат 46,3 милијарди евра. Оперативната добивка е повеќе од преполовена, на 2,1 милијарди евра.

Добивката по оданочување е речиси преполовена, на 2,4 милијарди евра.