Големи награди, за МАСТЕР уживање! – наградна игра на Шпаркасе Банка

20

Шпаркасе Банка Македонија од вчера ја започна новата наградна игра Големи награди, за МАСТЕР уживање!, наменета за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички од брендот Mastercard, со богат фонд на награди. Во периодот од 15 октомври до 15 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат мобилен телефон Apple iPhone X, зимување за двајца во Австрија и главната награда – автомобил Opel CROSSLAND X.

Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година со која добиваат по една шанса за учество во Наградната игра, односно двојна шанса за учество доколку трансакциите се направени со Mastercard Debit бесконтактната картичка. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка/и од Банката во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во Наградната игра доколку ги исполнува условите.

Како потврда за учество во Наградната игра за трансакциите направени на продажните места ќе се смета слипот од реализирана трансакција направена со Mastercard или Maestro платежна картичка и/или СМС порака доставена преку услугата СМС известувања од реализирана трансакција направена со Mastercard или Maestro платежна картичка од Шпаркасе Банка Македонија во износ поголем или еднаков на 300,00 денари за времетраењето на наградниот период.

Во Наградната игра се вклучени сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е – commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во Наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија, корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 20.12.2018 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на компјутер, за што е изготвен специјален софтвер за таа намена.