Фото: Pexels
Електронскиот отпад се зголеми на рекордни 45 милиони тони ширум светот во 2016 година, покажа студијата поддржана од Обединетите нации.
Големината на е – отпадот во 2016 година беше еднаква на околу 4.500 Ајфелови кули, според заедничката студија на Универзитетот на ОН, Меѓународната унија за телекомуникации и Меѓународната асоцијација за цврст отпад, пишува Deutsche Welle.
Студијата вели дека зголемување на приходите и падот на цените на електронските предмети, од соларни панели до фрижидери, се виновни за осум процентното зголемување на е – отпадот којшто изнесуваше 41 милион тони во 2014 година. Е – отпадот е дефиниран како било каков дел од ѓубре со приклучок или батерија.
Вредноста на суровите материјали во отпадот од 2016 година се проценува на 55 милијарди евра и вклучува метали како злато, сребро, платина, бакар и паладиум.
Само 8,9 милиони тони отпад е рециклиран изминатата година, а се проценува дека до 2021 година количината на е-отпад ќе се зголеми на 52,2 милиони тони.