Големите банки “селат“стотици милијарди евра од Лондон. Ова се нови дестинации на капиталот

109

Големите банки и инвестициски куќи забрзано префрлаат огромни количини на финансиски средства со кои управуваат од Лондон на неколку европски дестинации. Причината за евакуација на финансиските средства од Лондон е Брегзит, што претставува тежок удар за британската финансиска индустрија. На пример, само овие денови JPMorgan објави дека пренесува околу 200 милијарди евра од Лондон во Франкфурт поради Брегзит. Трансферот на толку огромна сума според нивните планови треба да заврши до крајот на оваа година, пишува Novac.hr.

JPMorgan е само една од големите инвестициски куќи / банки кои се принудени да мигрираат финансиски средства од Лондон кон разни европски дестинации. Тие ги избираат Париз, Франкфурт, Милано и Мадрид како најчести дестинации.

Од JPMorgan велат дека тие би ги зајакнале своите операции во Германија и ЕУ, без оглед на Брегзит. Ова се однесува на инвестициско банкарство, корпоративно банкарство и управување со богатство. Покрај новото европско седиште во Франкфурт, JPMorgan развива и специјални центри во Париз, Амстердам и Копенхаген.

Фото: Pixabay