Големите компании во регионот се договорија – ќе вработуваат млади луѓе

25

hr-Вкупно 21 компанија од регионот, меѓу кои Нафтена индустрија Србија (НИС), МК Група, Нестле, НЛБ банка и Агрокор потпишаа во Дубровник документ за соработка со кој се обврзуваат дека во следниот период ќе вработуваат млади луѓе.

Повелбата е потпишана на 12 меѓународна конференција HR Business Arena 2014, отворена на 23 април, а завршува денеска. На конференцијата учествуваат преку 100 претставници на најголемите регионални компании и експерти од областа за управување со човечки ресурси од 17 земји. Клучната тема е Ново време на организациски развој и управување со луѓе.

“Најголемите компании и пријдоа на оваа иницијатива и дадоа ветување дека во следните три години со заеднички сили ќа работат на оваа проблематика, преку заеднички програми за вработување и едукација. Планираме да го вклучиме и јавниот сектор, државните институции и образовниот систем”, изјави програмскиот директор на конференцијата Кармен Мајетиќ Павиќ за Танјуг.

На крајот на септември ќе се одржи уште една HR Арена во Хрватска, а на почетокот на октомври и во Белград, каде оваа проблематика ќе се спушти на локално ниво и ќе се разговара оперативно.

Повелбата, освен горенаведените, ја потпишаа уште Атлантик група, Делта холдинг, Нелт група, A.T. Kearney, Горење, Холдинг Словенечки електрани, IBM Croatia, IEDC – Bled School of Management, Подравка, Привредна банка Загреб, S&T, Теленор Србија, Теленор Монтенегро, Випнет, Styria Хрватска и Бинго.