Големите ривали Amazon и Apple ќе соработуваат за претстојната празнична сезона

20

Фото: Pixabay

По повод претстојните празници и големата побарувачка за купување, Apple и Amazon решија да заборават на своето ривалство и да соработуваат, пишува USA Today. Така, последните модели на iPhone, iPad, Mac и останатите производи од Apple ќе се најдат на виртуелните полици на Amazon од следната недела.

Производите вклучувајќи ги и часовникот и останатите гаџети на Apple ќе се продаваат и дистрибуираат директно преку онлајн ланецот. Купувачите меѓу другото ќе можат со еден клик да порачаат iPhone XR, XS, MacBook Air и iPad Pro. Сепак, HomePod, гласовниот асистент на Apple со гласот на Siri којшто е конкурецнијата на Alexa и Echo од Amazon нема да се најде на празничното портфолио.

Amazon претходно вклучуваше производи на Apple во понудата, AirPods, Beats слушалки, Apple TV и уште неколку додатоци.

Проблемите помеѓу двата ривали датираат од 2015 година кога Amazon го тргна телевизорот на Apple од својата веб страна, откако Apple не му дозволи на  продажниот гигант да ја објави својата премиум видео апликација за платформата.