Големо благодарам до Вас

73

Nova godina 2016-01

Големо благодарам до Вас, наши клиенти и деловни соработници, што нè поддржавте, што најдовте време во денот да нè посетите во изложбениот салон, да ја посетите нашата Фејсбук и веб страна, што верувавте во нас и нашиот бренд, за сета љубов и позитивни забелешки кои се длабоко ценети и имаа големо влијание врз нашиот раст.

Оваа година беше многу голема за нас. Го надополнивме нашиот асортиман со нови материјали и производи, стекнавме нови и зацврстивме стари партнерства, го издадовме и најновиот технички каталог за производите во Солопром и Витрина и многу повеќе. Но, најмногу сме возбудени за нештата кои доаѓаат или ќе се направат следната година.

За следната година испланиравме многу работи, оттаму можете и да очекувате многу нови производи, полесен пристап до нив и многу моменти на забава.

До сите заинтересирани…

Ќе одмараме во деновите од 01.01.2016 до 07.01.2016 и освежени, со нови сили повторно ќе се вратиме на работните обврски на 08.01.2016.

П.С – За крај би Ве замолил само да им дадеме еден топол поздрав на вредните бувчиња кои беа истрајни на студот во нашата одлука да направиме совршена новогодишна честитка.