Големо отворање на Конгресен Сервисен Центар во Сараево

34

Конгресен Сервисен Центар на 17 октомври 2012 година отвори своја канцеларија во Сараево и со тоа својата дејност ја прошири и на босанско-херцеговскиот пазар. Свеченото отворање се одржа во престижниот деловен солитер „Аваз“, во присуство на македонскиот амбасадор во БиХ, Рами Реџепи и бројни гости, пријатели и деловни партнери од Македонија и од Босна и Херцеговина.

Со овој чекор, КСЦ својата деловна мисија на освојување на регионалниот пазар, од Скопје, преку Белград, ја продолжува и во БиХ, нудејќи ги своите услуги од областа на преведувањето, толкувањето и организацијата на деловните настани. Покрај тоа, КСЦ успешно работи и на менаџирање на инфо центрите на Европската унија во Приштина и Косовска Митровица во Косово, и на инфо центрите во Скадар и Валона во Република Албанија.

Конгресен Сервисен Центар е друштво за превод и толкување и професионален организатор на конференции (ПОК) во Македонија и Србија, сега и во БиХ. На пазарот КСЦ е присутен во последните 12 години со повеќе од 10.000 организирани конференции зад себе, обезбедено толкување на приближно 5.000 настани, реализирани проекти финансирани од страна на ЕУ, Светска банка, ООН, ДФИД итн.

Визијата на КСЦ е да прерасне во врвно друштво за превод, толкување и управување со настани во светски рамки, а со своето постепено проширување во регионот, постепено се доближуваат и до целосното остварување на нивниот „деловен сон“.