Големо влијание

21

menager-1-pixabay

Фото: Pixabay

Сите сме свесни дека сето она што го правиме или го работиме, треба да има некакво влијание некаде и врз некого, во спротивно е без ефект. Но, дали е тоа така или, пак, тоа што го работиме или правиме е чисто за да се каже дека сме зафатени или навистина работиме?

За да може да има некакво влијание тоа што го правите, потребно е пред сè да разрешите со себеси некои работи, па потоа и со околината. Еве ви неколку совети, како она што го работите да има поголемо влијание врз вас, околината или врз луѓето околу вас:

Цел – имајте визија и цел за она што го правите. Немојте работите да ги завршувате само затоа што така треба, туку гледајте да најдете некоја логика во сето тоа. Мора да има, верувајте!

Масовност – гледајте тоа што го работите да има што поголем ефект и влијание врз повеќе луѓе или околности. Што повеќе тоа подобро.

Споделувајте – споделувајте со што повеќе луѓе тоа што го правите, но немојте да се фалите. Што повеќе луѓе ќе знаат за она што го правите, ефектот е поголем.

Вмрежување – инвестирајте време за дружење со што повеќе луѓе и споделете го она што сте го направиле со нив. Ќе се изненадите, колку интересни забелешки ќе добиете. Ќе добиете и негативни критики, но немојте да очајувате, тие може да бидат или вистинити или невистинити, а од вас зависи како ќе ги дефинирате и ќе ги примените понатаму кај вас.

Учете – нека секој ден ви е учење. Немојте да останете на тоа што сте, туку учете од секоја грешка или добро направена работа. Сигурно може подобро.

Истражувајте – доколку започнувате некоја работа, направете прво истражување, дали таа или слична постои на пазарот, како другите го направиле, кои проблеми ги имале… и бидете подобри

Бидете први – ако сакате тоа што го правите да има влијание на средината или на вас, гледајте да бидете први. Но ако сте први, тогаш ќе треба да бидете издржливи.

Издржливи – немојте да се откажувате на првата препрека или ако гледате дека никој не го забележува она што го работите или правите. Тогаш направете да ве забележат. Брендирајте се самите себеси и она што го правите.

Мотивација – најдете нешто што ќе ве мотивира да издржите во она што го правите или работите. Без мотивација многу е веројатно дека наскоро ќе се откажете.

Настап – немојте да имате арогантен настап со она што го правите или работите. Немојте да истакнувате дека сте најдобри, туку бидете најдобри и нека ве фалат другите.

Анализирајте – направете анализа на она што сте го направиле и влијанието што тоа направило врз вас и околината, но гледајте таа анализа да биде објективна.

Позитивни – бидете позитивни цело време. Зрачете со позитивна енергија, а не со негативна. Многу брзо тоа ќе влијае како врз околината, така и врз вас самите.

Запомнете, ако сакате она што го правите да има влијание на вас и на околината околу вас, најмногу од сè што треба да имате е да имате верба во тоа што го правите или го работите. Без верба нема успех.

Со успех во промените.