Голф – турнир Витаминка опен во Запрешиќ, Хрватска 

33

vitaminka 2

Македонската компанија Витаминка беше спонзор на голф турнирот ВИТАМИНКА OPEN во Запрешиќ, Република Хрватска. На овој турнир учествуваа околу 40 натпреварувачи, а покрај големиот број посетители, имаше и претставници на фирми од Хрватска кои активно соработуваат со Витаминка.

vitaminka 1

Овој настан е уште една потврда за развиената општествена одговорност на компанијата Витаминка која секогаш бара начини да спонзорира и поддржи најразлични културни, спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија, така и надвор од неа.