Golgate разви еколошка туба што може да се рециклира

89

Брендот за орална хигена, Colgate претстави веганска паста за заби, чија туба може да се рециклира, пишува CNN.

Најголемиот дел од амбалажите на пастите за заби се направени од пластика и алуминиум, со што беше невозможно да се намали штетното влијание врз животната средина.

Новата Smile for good паста за заби ќе има туба направена од истиот материјал од којшто се прават амбалажите за млеко.

На експерти од Colgate им беа потребни пет години за да ја развијат оваа еколошка туба.

Фото: Pixabay