Голоб сака жена на чело на Банката на Словенија

29

Премиерот Роберт Голоб сака шефот на Банката на Словенија да биде жена. Сега  позицијата гувернер ја извршува Боштјан Васле, чиј мандат истекува во јануари.
А како што изјави  Голоб во Марибор, можеби „овој пат една госпоѓа би можела да се испроба во улога на гувернер“.

Мандатот на Васле истекува на 8 јануари 2025 година, а претседателот на Републиката, Наташа Пирц Мусар, на крајот на јули распиша повик за кандидати за испразнетото место гувернер. До крајниот рок, 23 септември, има добиено седум апликации. Нејзиниот кабинет не ги соопшти имињата, но Васле јавно ја откри својата обновена кандидатура.

Голоб  рече дека е задоволен што меѓу кандидатите за гувернер има неколку висококвалитетни кадри.

„Меѓутоа, по долго време, или за прв пат, би сакал дама овојпат да се испроба во улогата на гувернер. Затоа, нашата поддршка оди во насока да имаме прва дама на чело на Банката на Словенија“, рече тој.