Светскиот производител на автомобилски гуми Good year користи иновативен и еколошки начин за производство на пневматиците. Компанијата го користи пепелот што останува од согорувањето на лушпите од ориз во производство на електрична енергија и може да се употреби како ефикасен и еколошки прифатлив извор на силициум за пневматиците.
“Употребата на остатоците од ориз ќе му обезбедат на Good year алтернативен извор на силициум, а во исто време ќе се намали отпадот од оваа житарка што инаку би завршил во депониите. Со ова ја покажуваме и посветеноста на компанијата кон иновациите и заштитата на животната средина“, вели Џозеф Зекоски, привремен главен технички директор на компанија.
Податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации покажуваат дека над 700 милиони тони ориз се берат низ светот, па голем предзивик е справувањето со остатоците при собирањето на оваа житарка.
Инаку, силициумот се меша со гумата потребна за изработка на пневматикот, со што дава поголема еластичност и помага во намалување на отпорот на движење, што ја зголемува економичноста на возилото.