Google Home – паметен звучник што помага во готвењето

112

zvucnik

Фото: YouTube

Паметниот звучник Google Home со повеќе од пет милиони рецепти и инструкции на корисниците ќе им помогне да подготват јадење. Од Google објавија дека кујнскиот асистент, чекор по чекор ќе им дава упатства на корисниците и на тој начин и оние кои не се вешти во кујната ќе можат да си подготват оброк.

Рецептите коишто ги дава овој уред произлегуваат од партнерство со Bon Appetit, The New York Times, Food Network и други, пишува Mashable.

Пред да започне процесот на готвење, корисникот прво ќе треба да побара рецепти со помош на Google асистентот и да ја кликне опцијата Send to Google Home, а инструкциите ќе се префрлат на паметниот звучник.

Готвењето започнува со испраќање на гласовна наредба дека готвењето може да започне, а при готвењето корисникот може да се врати на почетокот на рецептот давајќи наредба да се врати.

На овој уред може да се слуша музика додека се готви и да се постави тајмер за јадењето да не изгори.