Google и Goclick конференција за современ маркетинг во Македонија

19

Моќта-на-современиот-маркетинг Денеска во 10 часот во конгресниот центар ЕРА на скопски саем започнува конференцијата на Goclick и Google за современ маркетинг во Македонија. Оваа конференција ја организираат маркетинг агенцијата Goclick Македонија во соработка со Google.

На настанот свое поздравно обраќање ќе има и г-дин Иво Ивановски, Министер за информатичко општество и админстрација.

На конференцијата ќе предаваат Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic и Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија, а со премиерно предавање во Македонија ќе се претстави и г-дин Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google, Даблин.

Конференцијата е наменета за сите компании на македонскиот пазар, особено за извозно ориентираните. Тема на настанот е Моќта на современиот маркетинг, а подтеми се: Можностите и трендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант, Adwords решенија и успешни приказни, Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот.