Google и Levi Strauss дизајнираа паметна јакна

30

ppGoogle и Levi Strauss ги здружија силите за да ја направат првата паметна јакна што целосно ја инкорпорира технологијата на Project Jacquard, зад којшто стои онлајн пребарувачот, пишува Ecouterre.

Интерактивниот текстил од којшто е изработена јакната во себе има спроводливи предива поврзани со електроника што овозможува да го користите вашиот паметен телефон без да го вадите од џебот. Само со допир на ракавот на јакната можете, на пример, да се јавите ако некој ве бара, да ја смените мелодијата што ја слушате или да ја пуштите гласовната навигација додека возите.

ll

Паметната јакна најмногу ќе им биде од корист на велосипедистите кои ќе можат слободно да се возат низ градскиот метеж и да одговараат на повици без да ги тргнат очите од патот. Исто како и останатите парчиња облека и оваа јакна може да се пере во машина, само треба да го извадите електронскиот уред.

Оние што сакаат да ја купат ќе може тоа да го направат од следната година во одбрани продавници на Levi Strauss и на официјалната страна на компанијата.