Google инвестира 100 милиони долари во телемедицинска компанија

50

Клауд секторот на Google инвестира 100 милиони долари во Amwell,(порано позната како American Well), компанија која развива технологија за виртуелни посети на лекар.

Компанијата има доставено документи за почетна јавна понуда.

Како дел од партнерството, Amwell ќе пренесе делови од својот бизнис од веб-услугите на Amazon, кои во моментов ги користи на Google Cloud.

Amwell го избра облакот на Google како “најпосакуван глобален клауд партнер“ и префрли дел од своите видео способности на таа платформа, се вели во соопштението за компаниите. Двете компании исто така ќе соработуваат на технологијата и ќе работат заедно на продажба за да го прошират присуството на Amwell во овој сектор, пренесува CNBС.

Сите најголеми технолошки компании се надеваат дека ќе склучат договори со здравствени клиенти, вклучувајќи ги и осигурителните и болничките клиенти, бидејќи полека се движат од нивните локални системи во облачните услуги.

Директорот на Google Cloud за глобални здравствени решенија Ашима Гупта изјави дека очекува да продолжи да има зголемена потрошувачка на телемедицински решенија заради поповолна исплата и додека потрошувачите ова го гледаат како клучна опција. Бидејќи повеќе луѓе од кога било избегнуваат да бараат лична медицинска нега во болниците и клиниките, употребата на виртуелни часови од страна на лекарите доживеа бум во последните месеци.

Фото: Pixabay