Google инвестира 600 милиони евра во нов центар за податоци во Холандија

11

Гугл најави дека ќе инвестира 600 милиони евра во нов центар за податоци во Холандија, кој треба да вработи 125 работници.

Од 2014 година, американската компанија инвестираше повеќе од 3,8 милијарди евра во центри и дигитална инфраструктура во Холандија, а во септември 2019 година најави нови три милијарди евра инвестиции во проширување на центрите за податоци во Европа.

Нивните капацитети за складирање и сообраќај на податоци во Европа денес ги вклучуваат Ирска, Финска, Германија, Белгија и Данска, пренесува Хина.

Пред една година тие објавија, повикувајќи се на податоци од независни истражувања, дека нивните бази во Торино и Милано, Италија, би можеле да создадат нов пазар кој треба да достигне вредност од 1,9 милијарди евра до 2025 година.

На почетокот на оваа година известија дека планираат да инвестираат милијарда долари во изградба на центар за податоци во Велика Британија.

Минатиот месец Франција го казни Гугл со 250 милиони евра за прекршување на правилата на ЕУ за интелектуална сопственост во однос на издавачите на медиуми. Сепак, се чини дека оваа голема казна не влијаеше на проширувањето на бизнисот на американскиот гигант во Европа.