Google ја подготвува најголемата аквизиција во својата историја

199

Google е во напредни преговори за купување на фирмата за сајбер безбедност Wiz за 23 милијарди долари, објави The Wall Street Journal, цитирајќи упатени лица.
Wiz е основана во 2020 година и брзо се развива под раководството на извршниот директор Асаф Рапапорт.

Претставниците на Wiz и Google одбија да ги коментираат наводите за преземање.

Доколку се постигне, аквизицијата ќе стане најголемата во историјата на Google до денес. ИТ гигантот има направено големи сајбер аквизиции и претходно – компанијата ја купи фирмата за сајбер безбедност Mandiant за 5,4 милијарди долари пред две години.