Google ќе ги рангира интернет страниците според мобилните верзии

88

Технолошката компанија Google најави дека од септември ќе започне со индексирање на интернет страниците според нивните верзии направени за мобилни уреди. Таквото индексирање, како што наведуваат странските медиуми, веќе извесно време се применува на новите домени, но наскоро сите ќе бидат зафатени со оваа промена.

Google објави дека 70% од сајтовите претставени во резултатите за пребарување се прилагодени на мобилните уреди. Индексирањето на останатите сајтови ќе биде направено до септември, кога новиот начин на прикажување ќе биде официјално пуштен во употреба.

Експериментот со давање предност на интернет страници кои се прилагодени и за мобилни уреди започна во 2016 година, а минатата година индексирањето на новите домени стана задолжително.

Ова значи дека компаниите што имаат мобилна верзија ќе бидат повеќе видливи при пребарување, за разлика од оние кои немаат и ќе бидат ставени во полоша позиција.

Фото: Pexels