Google ќе избрише милијарди податоци од пребарување како дел од судската спогодба

16

Американската технолошка корпорација Гугл ќе избрише милијарди податоци за прелистување на интернет на корисници како дел од спогодбата со која ќе се стави крај на групната тужба против компанијата.

Условите на спогодбата беа објавени за прв пат во судска пријава во Сан Франциско, пренесува CNN.

„Гугл“ мора да избрише „милиони записи со податоци“ што произлегуваат од инкогнито прелистување, се вели во документот.