Google ќе овозможи бесплатен Wi Fi на 400 железнички станици во Индија

71

zeleznicka stanica indija

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, го претстави планот за поголем пристап до интернет на жителите на Индија. Над една милијарди жители од неговата родна земја Индија немаат пристап до интернет, пишува Tech Crunch.

Планот на ИТ гигантот вклучува поставување Wi Fi на 400 железнички станици низ земјата, каде што секојдневно поминуваат околу 10 милиони патници.

“Ние би сакале околу една милијарда Индијци да добијат пристап до интернет и да имаат можност да ги следат сите информации на тој начин“, изјави Пичаи по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди.

Во првата фаза, којашто се очекува да биде реализирана до крајот на 2016 година, планирано е воведување на Wi Fi на 100-те најфреквентни станици во најголемите индиски градови.