Google ќе плати 3,8 милиони долари по обвинение за дискриминација

38

Министерството за труд на САД соопшти дека Google се согласил да плати 3,8 милиони долари по обвинувањата за дискриминација на жените од Азија.

Најголем дел од износот ќе им се исплати како обештетување за 2.565 жени вработени во Google како инженери, како и на 3.000 кандидатки или кандидати од азиско потекло кои не биле избрани на тие позиции, соопшти Министерството за труд.

Google соопшти дека дискриминацијата е забележана за време на рутинската внатрешна анализа и дека компанијата се согласила да ја плати таа сума со цел да ја поправи ситуацијата, истовремено негирајќи дека го прекршила законот.

“Сметаме дека секој треба да биде платен според работата што ја работи, а не според тоа кој е и ние вложуваме големи суми за да го направиме процесот на вработување и обештетување фер“, изјави портпаролката на Google.

Фото: Pixabay