Google Maps ќе овозможи возачите да пријават опасности и несреќи на патот

49

Google Maps, со својата најнова алатка, на корисниците ќе им овозможи да пријават несреќи, ограничувања (мерења) на брзината на патот, затворени патеки, работа на пат и друго.

Услугите за известување во реално време беа популаризирани од страна на апликацијата за навигација Waze, којашто исто така е дел од Google.

Корисниците на Android и претходно можеа да пријават несреќи, ограничувања (мерења) на брзината, закочување на сообраќајот на самата апликација Google Maps.
Сепак, оние кои имаа телефони со iOS оперативен систем не беа во можност да го сторат тоа.
Минатата недела, како што велат од компанијата, започна глобална надградба на апликацијата.
Фото: Pixabay