Google Maps со нова опција: Покажува каде има најмногу инфицирани

41

Google најави ажурирање на апликацијата Google Maps, а новината значи дека наскоро ќе можеме да се види во кои области на мапата има најмногу заразени со коронавирус.

Податоците ќе бидат прикажувани како црвени точки, а колку е поцрвено, толку има повеќе заразени на 100.000 жители.

Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе може да се види дури и колку заразени лица има во одредени делови од градот, но сето тоа зависи од тоа колку податоци Google ќе успее да собере за одредена територија, пренесува Tech Radar.

Податоците доаѓаат од голем број извори, како што се болницата John Hopkins, Wikipedia или The New York Times, а тие ги добиваат податоците од локалните и меѓународни организации.

Фото: Freepik