Корисната карактеристика за приватност, која неодамна беше воведена за Android 11, ќе дојде и кај постарите модели на мобилни телефони, пренесе порталот TechRadar.
Промените ги објави Google на својот блог, а неговите софтверски инженери Питер Визонтеј и Беси Џијанг објаснија дека автоматското поништување на лиценците за апликации се очекува да се појави на сите уреди – од оние што користат Android 6.0 до понови – од декември.
Промената може да влијае на два милијарди мобилни уреди ширум светот, бидејќи само околу една четвртина од трите милијарди активни уреди со Android имаат Android 11 или понова верзија, додека „релативно мал број“ поседуваат верзии на Android 6 или постари.
„Во Android 11, воведовме функција за автоматско ресетирање“, стои во објавата на блогот.
„Тоа помага да се заштити приватноста на корисниците со автоматско одземање на дозволата […] ако апликацијата не се користи неколку месеци“.
Некои дозволи можат да бидат загрижувачки од безбедносна перспектива, особено ако претходно биле одобрени, а потоа заборавени. На пример, забележува TechRadar, ова се однесува на дозволување на уредот да чита телефонски броеви, текстуални пораки, да снима звук, да пристапи до податоци за локација или да има пристап до камера.