Google нуди три милиони долари за тој што ќе го хакне Chrome OS

27

chrome-osКога се во прашање безбедноста и ранливоста на производите, Google не штеди. Оваа компанија нуди 3,141 милиони долари за хакерите кои успешно ќе ги демонстрираат критичните безбедносни пропусти во оперативниот систем Chrome OS. Хакерите ќе се докажуваат на третиот хакерски натпревар Pwnium, што во март ќе се одржи во Ванкувер.

Секој учесник во натпреварот кому ќе му успее да ја преземе контролата над браузерот или над целиот компјутер со помош на малициозна веб страница, може да заработи 110.000 долари. Ако успее да ја задржи контролата над системот меѓу рестартирања на компјутерот, ќе добие награда од 150.000 долари.

Одлуката на Google оваа година да се фокусира на Chrome OS наместо на браузерот Chrome веројатно е резултат на желбата да се привлече вниманието на заедницата која се занимава со безбедноста на оперативниот систем, кој е рекламиран како многу отпорен на хакерски напади, но не прифатен како популарниот браузер на Google.

Официјалните правила за натпреварот се уште не се објавени, но веројатно ќе бидат објавени на Chromium Security page.