Google нуди виртуелна тура низ Версај

56

Google arts & culture ги здружи силите во Версај со цел да обезбеди приватна виртуелна тура во домот на француското кралско семејство.

Апликацијата, што го носи името Versailles: The Palase is yours, е достапна на англиски, француски и кинески јазик. Виртуелните посетители ќе можат да ја користат сопствената опрема за виртуелна реалност и да прошетаат низ кралските соби.

Виртуелната тура овозможува пристап до над 150 уметнички дела, коментари од тимо од музејот, како и разгледување на мебелот во палатата.

Овие прошетки низ просториите се овозможени преку фотограметрија, што е технологија што користи квантитативни информации за физичките објекти во просторот, пеку процес на мерење, анализирање и следење на фотографии и прикази со електромагнетно зрачење, добиени од сензорни системи.

Фото: Pixabay