Google основа сопствен информативен портал

36

Google денеска лансираше своја платформа за вести во Австралија, потпишувајќи договори со неколку издавачи за да ги користат нивните содржини.

Платформата News Showcase требаше да започне во јуни минатата година, но Google  го одложи планот, откако Камбера започна законска иницијатива со која сака да ги присили дигиталните платформи да плаќаат користење на медиумски содржини.

Технолошката компанија се закани со повлекување на пребарувачот од Австралија ако законот биде усвоен, тврдејќи дека не е можно да се спроведе.

Фото: Pixabay