Google Phone доби филтер за спам повици

20

Фото: Pixabay

Google Phone, апликацијата за Android  уредите преку којашто корисниците ги примаат и воспоставуваат гласовните повици доби нова надградба, односно филтер со којшто автоматски се филтрираат несканите, т.н. спам повиците, пишува Gadgets360.

Новата верзија заедно со коригираните грешки, воведува нова функција – филтер против спам и како што кажува и самото име, главната задача на новата функција е да ги препознае несаканите повици, блокирајќи ги без претходно известување на корисниците за несаканите дојдовни повици.

Како што наведуваат од Google, сите повици што се препознаени како спам, автоматски ќе бидат пренасочени кон говорната пошта. Корисниците потоа, ќе имаат можност да го преслушаат повикот во говорната пошта, но нема да знаат прецизно кога тој повик е примен.

Новата функција на Google се наоѓа во менито за идентификација на повикувачи и спам, од каде што може да се исклучи во секое време. Google, исто така, им овозможи на корисниците сами да дефинираат кои повици (од кој број) ги сметаат за спам, како истите би биле пренасочени кон говорната пошта во иднина.