Google плаќа казна од 102 милиони евра во Италија

24

Италијанското регулаторно тело на технолошкиот гигант Google му изрече парична казна од 102 милиони евра поради повластен третман на Google Maps во однос на апликации од други компании.

Google не ја прикажа апликацијата на енергетската компанија Enel во услугата Android Auto, којашто на корисниците им овозможува пребарување станици за полнење електрични автомобили, резервација на термини и плаќање и со тоа ги прекрши прописите за рамноправна пазарна конкуренција.

Android Auto е апликација што на возачите им овозможува да користат одбрани Android апликации, вклучувајќи ги и оние за навигација и размена на пораки.

Фото: Freepik